Опис
Велосипедски паркинг изработен од реупотребено метално буре. Функционално, еколошко и урбано решение создадено според принципите на циркуларната економија.
Основното Вело-Буре го задржува автентичниот индустриски карактер на металното буре и раскажува приказна за трансформација — од отпаден материјал до функционален урбан мобилијар. Секој паркинг е уникатен: изработен од метални буриња кои претходно служеле за складирање масла и хемикалии, а сега добиваат втор живот на улиците, дворовите и паркинзите.
Технички карактеристики:
- Реупотребено метално буре
- Индустриски и автентичен изглед
- Отпорен за надворешна употреба
- Одржливо и еколошко решение
- Опции за висина на рачката за заклучување: 10 cm / 20 cm / 30 cm

