We appreciate your trust. Our clients choose us and our products because they know we're the best.
Почитувани деца, родители, наставници, и сите љубители на велосипедизмот
ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦАТА ВЕЛО!
Се започна на крајот на 2018, кога заедно со 10ина основни училишта започнавме да работиме на интегрирање на темата велосипедизам. Гледајќи го интересот на учениците, наставниците, но и родителите, посакувавме уште поголема опфатеност, посакувавме се повеќе деца да имаат шанса да бидат вклучени во нашите активности, дизајнирани за во училница (теорија) и надвор од неа (пракса).
Горди сме на развојот на нашата вело мрежа и на тоа дека секојдневно се зголемува бројот на училишта кои безрезервно го промовираат велосипедизмот заедно со нивните ученици и родители.
Освен едукативните активности, Вело Училишта располага и со вело продавница каде што можете да најдете:
Едукативни и забавни игри за деца и млади,
Опрема за безбедно и удобно возење велосипеди и
Разновидни алатки и додатоци за велосипеди.
Исто така, организираме работилници наменети за деца од различни возрасти, каде што секој може да најде нешто интересно и корисно:
За најмалите – забавни игри и креативни активности кои го претставуваат велосипедот на весел и едноставен начин.
За учениците од основно образование – основи на поправка и одржување на велосипедот, како и совети за безбедно возење низ маало или парк.
За поголемите деца и тинејџерите – практични знаења за сообраќајот, напредни совети за возење, и активности што ја развиваат нивната самостојност и одговорност.