Skip to content Skip to footer

Замената на нарачаниот производ може да се изврши во рок од 14 дена од приемот на пратката. Производот ќе биде заменет САМО И ИСКЛУЧИВО доколку е во оригиналното пакување и на истиот нема видливи оштетувања.

Доколку производот кој се менува е облека, истиот НЕ СМЕЕ да биде перен, носен или пеглан. Доставата при процес на замена на исправен производ, а на барање на купувачот, е на сметка на купувачот.

Рекламации за исправноста на производите се прифаќаат САМО во рок од 12 часа од часот заведен на листата за прием на пратка. Доколку забележите фабрички оштетувања, видливи оштетувања направени при пакување или транспорт и/или производот ги нема сите составни делови, ве молиме да не известите на телефонскиот број +389 75248609, секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот. ВЕЛО УЧИЛИШТА ги превзема трошоците за враќање или замена на производот доколку производот е пристигнат со фабричка грешка, оштетен при транспорт или не одговара на Вашата нарачка.

За прифатливо известување за рекламација ќе се смета телефонско известување заедно со испратени фотографии и/или видео од оштетениот производ на нашата електронска пошта [email protected] или во порака на нашата Facebook страна. Доколку рекламацијата е доставена вон работните часови на компанијата ќе се смета за уредна доколку во пораката која ќе ја испратите на нашата електронска пошта или Facebook страна бидат вклучени: Фотографија од адресница (доказ за примена нарачка), фотографии и/или видео снимки од оштетениот производ каде јасно се гледа оштетувањето.

Доколку на купениот производ се појават недоследности во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме да постапите на начин дефиниран во правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница.

Производите кои подлежат под гаранција и имаат соодветен овластен сервис, а за кои ВЕЛО УЧИЛИШТА,  Скопје не е увозник, задолжен за сервисирањето е овластениот сервис и/или давателот на гаранцијата, односно увозникот на производот. Во случај на потреба од сервисирање на производот  во гарантен рок, контактирајте го овластениот сервис или компанијата издавач на гарантниот лист.

Повеќе информации за нас

Адреса

Скопје —
ул. МИТ Теодосиј Гологанов бр. 98, Република Северна Македонија

Контакт информации
Социјални мрежи
Биди во тек со сите новитети!

Shop.Veloschools © 2026. All Rights Reserved.

Go to Top